S-Banka 4+

SPARKASSE BANK

    • Gratis

Capturas de pantalla del iPhone

Descripción

Мобилното банкарство на Шпаркасе Банка АД Скопје е апликација наменета за паметен телефон и/или таблет која може да ја инсталирате од кое било место со пристап до интернет со што на лесен и едноставен начин ќе имате 24-часовен пристап до сите производи и услуги наменети за физички и правни лица од Шпаркасе Банка.

Што Ви овозможува S-Banka апликацијата?

Физички лица
⁃ увид во состојбата на сите денарски и девизни сметки, кредитни картички, депозити и кредити
⁃ едноставен начин на плаќање режиски трошоци, интерни трансакции и трансфер на средства кон сите физички и правни лица
⁃ можност за плаќање од денарски трансакциски сметки каде корисникот на S-Banka е овластено лице и/ или законски застапник.
⁃ можност за експорт во PDF на налози и промет во период од сметка
⁃ можност за менувачница (конверзија на средства од една во друга валута)
⁃ креирање на сопствени примероци за плаќања кои што најчесто ги реализирате
⁃ лоцирање на најблиските банкомати и експозитури
⁃ курсна листа и калкулатор за кредити и за депозити
⁃ Биометрија (Face ID / Touch ID) при најава во апликација и авторизација на налози
⁃ Плати на пријател - брзо и едноставно префрлување на средства на Вашиот пријател со сметка во Шпаркасе Банка, само со избор на неговиот контакт во телефонскиот именик
⁃ Подели сметка - лесно делење на вкупниот износ за плаќање со Вашите пријатели со сметки во Шпаркасе Банка и корисници на С-Банка апликацијата, само со избор на нивните контакти од телефонскиот именик
⁃ Можност за повторно креирање на налог од претходни плаќања, во случај да не сте го зачувале примерокот
⁃ Pop-up нотификации за сите нови функционалности и унапредувања на решенијата на банката, во функција на клиентите
⁃ Интегриран С-Токен за најава и плаќање на веб
⁃ Можност за најава на веб со push нотификација
⁃ Можност за плаќање со потврда со push нотификација


Правни лица
⁃ Биометрија (Face ID / Touch ID) при најава во апликација и авторизација на налози
⁃ увид во состојбата на сите денарски сметки и бизнис картички
⁃ можност за плаќање од денарски сметки каде корисникот е овластен
⁃ можност за креирање и снимање на налози
⁃ увид во е-налози и идни налози
⁃ увид и експорт во PDF на налози и извод за денарска трансакциска сметка
⁃ лоцирање на најблиските банкомати и експозитури
⁃ увид во курсна листа


Регистрација и активирање на S-Banka

За активирање на апликацијата за мобилно банкарство со привилегија плаќање потребно е да посетите некоја од најблиските експозитури на Шпаркасе Банка. По поднесеното барање за активација, ќе добиете кодови за активирање на апликацијата S-Banka, односно СМС порака со корисничко име и e-mail во кој ќе Ви биде доставена иницијална лозинка. По успешната активација потребно е да внесете нов ПИН за најава и да го потврдите истиот.

За подетални информации во врска со користењето на апликацијата, повикајте го менито „Помош“ или обратете се на e-mail адресата netbanking@sparkasse.mk (физички лица) / corporatenetbankig@sparkasse.mk (правни лица), како и телефонски во Контакт центар на 02/15 050.

Novedades

Versión 1.0.17

Превземање на извештај за надоместоци од трансакциска сметка

Privacidad de la app

El desarrollador (SPARKASSE BANK) indicó que, entre las prácticas de privacidad de la app, pueden incluirse el manejo de datos que se describe a continuación. Para obtener detalles, consulta la política de privacidad del desarrollador.

Datos no asociados con tu identidad

Los siguientes datos pueden recopilarse, pero no están asociados con tu identidad:

  • Ubicación

Las prácticas de privacidad pueden variar; por ejemplo, según tu edad o las funciones que uses. Obtén detalles

Más sobre este desarrollador

Quizás te interese

Moj DDV
Finanzas
NLB mKlik Makedonija
Finanzas
mBanka
Finanzas
m-banking by Stopanska banka
Finanzas
Halkbank Skopje Mobile App
Finanzas
My Unibank
Finanzas