mBanka 4+
Komercijalna banka AD Skopje
-
- 무료
스크린샷
설명
Три производи во еден! – мБанка за физички лица во себе ги обединува услугите кои можете да ги добиете при секојдневното користење на порталот на Банката, Web апликацијата на Интернет банката и генераторот на кодови за една употреба. Со оваа апликација, отсега во вашиот мобилен уред ќе имате сопствена подвижна виртуелна експозитура преку која на брз, удобен и пред се модерен начин, лесно ќе можете да дознаете нешто повеќе за нашите производи и услуги, да ги пронајдете најблиските единици на нашата деловна мрежа, најблиските банкомати, да остварите увид во вашите сметки, да плаќате и да вршите трансфери.
Што е мБанка?
Првото вистинско Мобилно банкарство какво што го очекувавте и посакувавте...
Апликацијата е бесплатна за користење! - Доколку сте наш постоен корисник, без потреба од одење во Банката и склучување на нов договор, преку сајтот на Интернет банката најавете се, регистрирајте го вашиот мобилен уред и почнете да ја користите услугата веднаш!
Со апликацијата може да се извршуваат следните трансакции: плаќања кон други физички лица или компании (ПП30), плаќање кон јавни институции (ПП50), плаќања на јавни услуги, префрлања средства на/од свои сметки или картички или штедни книшки.
Нашиот пристап е отворен – Апликацијата можете да ја користите дури и доколку не сте наш корисник на Интернет банката. Пред да се одлучите да ја регистрирате и активирате, можете да ги користите јавно достапните услуги за нашите производи и услуги, геолокациските услуги за наоѓање на најблиска единица на нашата деловна мрежа и сл. За да го испробате пристапот до услугите за увид во состојбата на сметките и вршењето на плаќања и трансфери, употребете го демо корисникот.
Удобноста не е луксуз – Во моментот, оваа апликација е единствена во нашата земја која нуди посебно прилагоден интерфејс за работа на таблети се со цел на оптимален начин да ја искористи површината на екранот и да Ви ги поедностави навигацијата и пристапот до услугите. На вас останува да одлучите дали во вашиот дом ќе го вклучите вашиот компјутер или ќе го употребите вашиот таблет.
За Вас ги споивме сигурноста и едноставноста – Наместо да имате потреба од внесување на корисничко име и лозинка и дополнително да морате да го носите вашиот сигурносен токен или уред за генерирање на кодови за една употреба, пристапот до состојбата и прометот на вашите сметки како и вршењето на плаќањата и трансферите ќе го изведувате со PIN избран од ваша страна.
Ве молиме да се придржувате на сигурносните препораки и апликацијата да не ја користите на сигурносно компромитиран мобилен уред на кој оригиналниот фабрички софтвер е заменет со софтвер од трета страна.
Регистрација и активација
Доколку сакате да ги следите состојбата, прометот и резервираните средства на Вашите сметки за успешна регистрација на Вашиот мобилен уред и активирање на апликацијата, треба да ги извршите следните 5 чекори:
1. При првата најава во мБанка, идентификувајте се со вашето постоечко име и лозинка со кое ги користите услугите на Web апликацијата на Интернет банката.
2. По успешната најава, ќе ви биде прикажан поглед на вашиот дигитален фотоапарат вграден во вашиот мобилен уред со помош на кој треба да го скенирате QR кодот
3. Најавете се во Web апликацијата на Интернет банката и во делот Моите уреди означете го вашиот мобилен уред и кликнете на копчето Активирај уред
4. Прикажаниот QR код скенирајте го со помош на дигиталниот фотоапарат вграден во вашиот уред
5. Изберете го вашиот PIN за најава во мБанката и потврдете го.
Каде и да сте, отсега вашата Интернет банка верно ќе ве следи во секој ваш чекор.
Ве молиме за евентуалните технички проблеми или нејаснотии да го контактирате нашиот центар за поддршка за Интернет банка:
тел: 02 3296-800
(08:00 - 19:00 пон - пет, 08:00 - 15:00 сабота)
E-mail: support@kb.com.mk
새로운 기능
버전 1.1.15
- Подобрувања
- Improvements
앱이 수집하는 개인정보
Komercijalna banka AD Skopje 개발자가 아래 설명된 데이터 처리 방식이 앱의 개인정보 처리방침에 포함되어 있을 수 있다고 표시했습니다. 자세한 내용은 개발자의 개인정보 처리방침을 참조하십시오.
사용자에게 연결된 데이터
다음 데이터가 수집되어 신원에 연결될 수 있습니다.
- 재무 정보
- 연락처 정보
- 식별자
사용자에게 연결되지 않은 데이터
다음 데이터가 수집될 수 있지만 신원에는 연결되지 않습니다.
- 위치
개인정보 처리방침은 사용하는 기능이나 사용자의 나이 등에 따라 달라질 수 있습니다. 더 알아보기
정보
- 제공자
- KOMERCIJALNA BANKA AD
- 크기
- 25.6MB
- 카테고리
- 금융
- 호환성
-
- iPhone
- iOS 12.0 이상 필요
- iPad
- iPadOS 12.0 이상 필요
- iPod touch
- iOS 12.0 이상 필요
- Apple Vision
- visionOS 1.0 이상 필요
- 언어
-
마케도니아어, 알바니아어, 영어
- 연령 등급
- 4+
- 저작권
- © 2014 Komercijalna banka AD Skopje
- 가격
- 무료