Screenshots

Description

Мој ДДВ - Апликација за поврат на ДДВ за граѓаните на Република Северна Македонија.
Лесно скенирајте ги вашите сметки за да добиете право на 15 % поврат од ДДВ.

Оваа можност за поврат на дел од ДДВ-то е достапна за сите граѓани на
Република Северна Македонија кои имаат наполнети 15 години, кои се регистрирани
или ќе се регистрираат на системот на УЈП ujp.gov.mk.


Апликацијата сега подржува два типа на баркод скенер:

1.Основен
- Скенира само директно над кодот

2.Напреден
- Оптимизиран за DataMatrix
- High-Speed Scanning: Industrial Scanning Algorithm
- Omni-directional scanning for 360 degrees
- Скенирање под агол до 45 степени
- Patterns recovery за оштетени кодови

Промената на тип на баркод скенер се прави кај екранот за Профил.


*** Проблеми со скенирање ***

1. Ако се отвара камерата ама на сите сметки се враќа на претходен екран и
сметките ги нема во извештајот.
-Пробајте да се префрлите на Основниот тип на Баркод скенер преку екранот за профил.

2. Апликацијата скенира некои сметки, а други не.
-Најдобро се скенира кога сметката не е свиткана. Затоа поставете ја на маса и затегнете за да биде рамна.
Обидете се 10 секунди да ја држите камерата насочена кон баркодот.
На овој начин и сметки со малку оштетувања се скенираат.

3. Апликацијата не скенира сметки од Макпетрол
-Сметките од Макпетрол се скенираат само со Напредниот тип на Баркод скенер.
Само доколку не се оштетени. Основниот тип нема да ги скенира.

ЧПП

1. Споро отворање на апликацијата и споро појавување на екранот за најава со ПИН
-При отварање апликацијата пробува да воспостави интернет конекција до УЈП.
Доколку интернет конекцијата не е стабилна може да се појави мало доцнење до појавување на екранот за најава со ПИН.

2. Некомпатибилен уред
-Апликацијата може да се користи на уреди со iOS 10 и нагоре.

3. Логирање
-Се користат емаил и лозинка од еПДД, за да се добие еПДД корисничкиот број.
Ако сте ја заборавиле лозинката треба да ја ресетирате преку сајтот на еПДД.
Се генерира пин само првиот пат а после истиот се користи за логирање.

4. Невалиден пин
-Пинот кој може да се внесе е 4-цифрен број од 0000 до 9999.

5. Промена на пин
-Ако сте го заборавиле пинот горе десно во менито имате опција за промена/внесување на нов пин.

6. Внесување на трансакциска сметка
-Се внесува трансакциската сметка и лозинката од еПДД (не пинот) за потврда.
Трансакциската сметка не е иста со број на дебитна/кредитна картичка.

7. Нема конекција до УЈП
-Проверете дали имате активна интернет врска (3G, 4G, WiFi).

8. Скенирање
-Кога ќе се отвори камерата не треба да има копче или да се слика,
само треба да се позиционира над баркодот (било каде на екранот) за да ја прочита.

9. Оштетени сметки
-Доколку сметката има повеќе од 10% оштетување (неисправен печатар, лоша хартија),
апликацијата не може да ја прочита. Ако баркодот не може да се прочита таа сметка може да се внесе преку рачен внес во УЈП.

10. Од кој датум се валидни сметките за враќање на данокот
-Сите фискални сметки со датум после 01.07.2019.

11. Сметки за струја и телефон
-Сметките за комуналии не може да се скенираат

What’s New

Version 2.1.2

Bug fixes

Ratings and Reviews

2.9 out of 5
11 Ratings

11 Ratings

b.mitrevski ,

Preporaka

Naprajte ja da skenira pojce fiskalni oddednas, pojce fiskalni naredeni i da prepoznaj pojce qr kodovi...

T0mka ,

Не работи

Крашова кога ќе стегниш најави се.

As7ix ,

Функционира, но има многу фалинки.

Премногу е бавна. Откако ќе стиснеш “Скенирај сметка” треба 10 секунди да поминат за да се вклучи камерата. Да треба да чекаш 10 секунди помеѓу секоја сметка не е во ред.

Освен приказот на сумите на сметките во одреден ден, нема никаков дополнителен увид. Потребно е да има приказ на процентот и висината на платен данок за секоја сметка, како и вкупен износ на сите сметки и данокот (или барем на месечно ниво).

Добро би било да има и пресметка и приказ на данокот што треба да се врати.

Information

Seller
MINISTERSTVO ZA FINANSII UPRAVA ZA JAVNI PRIHODI SKOPJE
Size
9.4 MB
Category
Finance
Compatibility

Requires iOS 10.0 or later. Compatible with iPhone, iPad, and iPod touch.

Languages

English

Age Rating
4+
Copyright
Price
Free

Supports

  • Family Sharing

    With Family Sharing set up, up to six family members can use this app.

You May Also Like