ПроЦени ги собира цените и акциите од 17 маркети во Македонија на едно место. Пребарај производ, види каде е најевтин и провери дали попустот е вистински.
ИСТИОТ ПРОИЗВОД, РАЗЛИЧНИ ЦЕНИ
Еден производ, сите маркети. ПроЦени го групира истиот производ од различни маркети и ти покажува каде е најевтин.
СИТЕ АКЦИИ НА ЕДНО МЕСТО
Тековните попусти од сите маркети, подредени по маркет, со процент на попуст и до кога трае акцијата.
ДАЛИ ПОПУСТОТ Е ВИСТИНСКИ?
Секој производ има историја на цената. Види дали „акцијата“ е навистина пониска цена или е обичната цена со нова етикета.
ПРЕБАРАЈ ВО СИТЕ МАРКЕТИ ОДЕДНАШ
Барај по име, бренд или категорија и подреди по најниска цена, највисока цена или најголем попуст. Цената по килограм, литар или парче е секогаш видлива.
ТВОИТЕ МАРКЕТИ
Избери ги маркетите каде што пазаруваш и нивниот редослед.
КОШНИЧКА И ЛИСТА ЗА СЛЕДЕЊЕ
• Направи листа за пазар и види го збирот по маркет.
• Збиен приказ за повеќе производи на екранот.
• Сподели ја листата со семејството.
• Зачувај производ и добиј известување кога ќе поевтини.
МАРКЕТИ
Веро, Кам, Тинекс, Рамстор, Спар, Стокомак, Жито, Зур, Елида, Кипер, Конто, Рептил, Тамаро, Миса, ДМ, Футура и Пакет.
Апликацијата е бесплатна и без реклами. Не треба регистрација.
Достапна на македонски, албански, англиски, турски и ромски.
Цените се преземаат од јавните веб-страници на маркетите и се освежуваат редовно. Секој производ покажува кога цената е последно проверена. Цената во продавницата може да се разликува.
Симни. Види. Процени.
评分及评论
此 App 尚未收到足够的评分或评论,无法显示整体评分。
• Пакет е тука: ПроЦени сега покрива 17 маркети.
• Збиен приказ на кошничката: избери збиен или проширен, апликацијата го памти изборот.
• Слики во кошничката и зачуваните производи, и кога маркетот нема своја слика.
• Појасни имиња: Акции, Кошничка и Поставки.
• Побрзо и помазно лизгање и посигурно пребарување.